Мисија на ОБСЕ во Скопје
Човекови права
Мисијата работи со Државната комисија за заштита од дискриминација и Народниот правобранител во донесување легислатива за човекови права која ќе биде во согласност со принципите на недискриминација и ќе ги вклучува одредбите кои обезбедуваат еднаков третман за сите. Таа, исто така, ги следи случаите поврзани со злосторства од омраза и говор на омраза и ги обучува правните експерти и граѓанското општество за меѓународните стандарди во оваа област.