Мисија на ОБСЕ во Скопје
Борба против тероризмот
Мисијата ги поддржува националните агенции за јавна безбедност во јакнењето на нивните институционални и оперативни капацитети во борбата против тероризмот . Организира квалитетни и иновативни обуки за употребата на современи техники за идентификување и следење на криминалните организации, финансирањето на тероризмот и патот на "валканите пари ", како и за спречување на радикалните елементи и регрутирањето на потенцијалните терористи. Со цел да се промовира соработката меѓу институциите задолжени за спроведување на законот и да се зајакне нивната меѓународна соработка, Мисијата, исто така, го поддржува учеството на официјални претставници од земјата на меѓународни конференции за превенција и справување со тероризмот.