Мисија на ОБСЕ во Скопје
Што работиме
Мисијата редовно ги посетува локалните заедници и одржува постојана комуникација со политичките претставници, претставниците на граѓанското општество, лидерите на верските заедници и одговорните за спроведување на законите. Таа работи со властите во спроведувањето на интегрирано образование и во градењето на капацитетите на државните службеници во согласност со меѓународните демократски стандарди и принципи. Мисијата, исто така, помага во изборните реформи, ги промовира правата на малцинствата, ги обучува полициските службеници и помага во процесот на судските реформи.