Мисија на ОБСЕ во Скопје
Полициско работење
Мисијата помага на земјата-домаќин во создавање полиција која ќе биде ориентирана кон заедницата, во согласност со демократските принципи и меѓународните стандарди за човекови права . Ова вклучува продолжување на полициските реформи и помош со професионализацијата на полицијата. Се организираат обуки прилагодени за полициските службеници на теми како што се борбата против организираниот криминал и тероризмот, превентивни активности и справување со меѓуетничките проблеми. Мисијата, исто така, го поддржува центарот за обука на полицијата и помага во зајакнување на односот меѓу полицијата и медиумите.