Мисија на ОБСЕ во Скопје
Владеење на правото
Клучните приоритети во оваа област се зајакнување на независноста на судството и помош во процесот на правните реформи. Поттикнување на учеството на сите етнички заедници во јавниот живот е важна алатка за обезбедување еднаков пристап на сите граѓани до правдата, што од друга страна помага за зајакнување на демократскиот напредок на земјата. Мисијата организира курсеви за обука на обучувачи и подготвува едукативни материјали, го следи законодавниот процес и нуди технички коментари на судството, обезбедува експертиза за законодавците како поддршка на процесот на подготовка на законите и исто така овозможува пристап до материјали од областа на правото. Ги следи судењата на поголемите случаи кои би можеле да имаат влијание врз безбедносната ситуација или врз меѓуетничките односи во земјата и помага да се воспостави евалуација на работата на јавните обвинители која ќе биде објективна и заснована на систем на заслуги.