Мисија на ОБСЕ во Скопје
Спречување и разрешување на конфликти
Мисијата ја следи безбедносната состојба во државата и одржува редовни посети и средби со општинските и верските лидери, со претставниците на заедниците, претставниците на невладините организации, политичките институции и одговорните за спроведување на законот. На тој начин има важна улога при навремено предупредување. Во исто време помага во градењето доверба помеѓу заедниците и посредува во тензични ситуации.