Мисија на ОБСЕ во Скопје
Мандат
Мисијата првенствено се занимава со следење и поддршка на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор , со кој се стави крај на вооружениот конфликт од 2001 година. Целта на договорот е да се гарантира учеството на сите етнички заедници во политичкиот, општествениот и културниот живот. Главниот акцент е на децентрализацијата, анти-дискриминацијата, правата поврзани со образованието и јазикот, како и на правичната застапеност на сите граѓани. Во мандатот на Мисијата дополнително спаѓаат и реформите во полицијата и законодавството, владеењето на правото и областите поврзани со доброто владеење.