Мисија на ОБСЕ во Скопје
Роми и Синти
Мисијата ја поддржува владата во нејзините напори за спроведување на националната политика поврзана со ромската заедница. Таа нуди политичка поддршка и насоки за политичките претставници, високите државни службеници и ромските граѓански организации. Мисијата, исто така, поддржува и спроведува голем број проекти кои го поттикнуваат социјалното вклучување на Ромите, како на пример иницијативи на локалните невладини организации кои раководат со мобилни канцеларии за правна помош и финансирање на вклучувањето на ромските деца во јавните предучилишни установи.