Ресурси
Публикација: Слобода на изразување и говор на омраза
Брошурата е резултат на поддршката која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја даде на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во
Скопје.
Пред се, таа е намената за новинари, студенти по новинарство, медиуми и нивни уредници како и општата јавност кои ја третираат проблематиката на слободата на изразување, говорот на омраза, клеветата и навредата како и правната рамка во државата.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.