Отворена е акредитацијата за медиуми за 28-от Совет на министри на ОБСЕ, 2-3 декември во Стокхолм, Шведска
СТОКХОЛМ/ВИЕНА, 5 ноември 2021 – 28-от Совет на министри на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 2-3 декември 2021 во Стокхолм, Шведска.
Годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји-учеснички на ОБСЕ ќе се одржи на покана на актуелната претседавачка на ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи Ан Линде.
Советот на министри е централно одлучувачко и управувачко тело на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на делување.
Претставниците на медиумите се поканети да го покриваат настанот, кој ќе се одржи во Скандинавијан Експо (Scandinavian XPO) во Арланда/Стокхолм.
Задолжителна е претходна акредитација на претставниците на медиумите. Крајниот рок за регистрација е 18:00 часот, 26 ноември 2021 година. Акредитацијата ќе биде доделена по само-регистрацијата на линкот овде (Лозинка: reg-wrgZwb).
За регистрација, ве молиме пополнете ги бараните информации и прикачете фотографија од пасош и копија од вашите медиумски акредитации.
Медиумите кои сакаат да паркираат возила за пренос во живо од настанот (камиони SNG) на назначен паркинг простор мора однапред да ги регистрираат SNG камионите и нивните возачи.
За таа цел, ве молиме испратете мејл на [email protected] со следните информации: Тип на возило, број на регистарска табличка, име на медиумската компанија, целосно име на членовите на екипажот на SNG.
Крајниот рок за регистрација на SNG камиони е 26 ноември 2021 година.
Детални информации за медиумските капацитети, упатства за акредитација, резервации на хотели и процедурата за аплицирање за виза се достапни овде.
Информации за патување во Шведска за време на пандемијата на корона: Патувајте до и од Шведска | Шведска полиција.
Барањата за виза мора да се исполнат пред пристигнувањето во Шведска. Акредитираните претставници на медиумите се поканети да направат свои аранжмани за визи што е можно поскоро. Информации за визи – Влада на Шведска.
Следете ги вестите за Советот на Министри на Твитер на @OSCE, @SwedeninATOSCE и #OSCEMC2021 или на страницата за настанот на СМ овде.