Ресурси
Јавноста во кривичната постапка

Прирачникот "Јавноста во кривичната постапка", подготвен од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението на јавни обвинители, нуди корисни совети за новинарите како поефикасно да известуваат за судските постапки. Публикацијата дава преглед на сите фази на новата кривична постапка, вклучувајќи ги надлежностите на сите актери во процесот, исклучоците од правото на јавноста да присуствува на судско рочиште, улогата на новинарите за објективно и точно известување од судењата, како и нивната одговорност.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.