Ресурси
Реформа на полицијата во рамката на реформите на кривично-правниот систем
Овој Прирачник ги идентификува точките на разграничување во кривично-правниот процес помеѓу различните институции на КПС и
помеѓу нив и другите релевантни владини тела, како и помеѓу нив и давателите на услуги во делот на безбедноста и правдата коишто не
се дел од државната структура и граѓанското општество. Прирачникот образложува повеќе добри практики во делот на справувањето со овие точки на разграничување со помош на практични реформски чекори и идентификува опции за зајакнување на меѓународната соработка со помош на холистички пристап на реформи на КПС (РКПС). Напорите од страна на ОБСЕ за создавање на еден ваков Прирачник беа топло поздравени од страна на земјите-членки на ОБСЕ, другите меѓународни партнерски организации и истражувачки институции како и од страна на индивидуалните практичари од КПС од коишто голем дел со задоволство прифатија да ги споделат нивните искуства од примената на таквиот холистички реформски пристап.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.