Најдобри практики за интегрирање на Ромите: Регионален извештај за борба против дискриминацијата и учество на Ромите во носењето одлуки на локално ниво
Овој извештај се фокусира на две клучни теми на кои работи ОБСЕ - Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) – борбата против дискриминација и учеството на Ромите во носењето на одлуки. Тој претставува збирка на добри практики кои ги имаат започнато единиците на локалната самоуправа, независните институции, граѓанското општество и други чинители кои имаат директно влијание врз животните услови и интегрирањето на Ромите.
Овој извештај беше подготвен во рамките на проектот „Најдобри практики за интегрирање на Ромите од Западен Балкан“ (НПИР) кој е финансиран од Европската унија и се спроведува од ОДИХР. Проектот претставува пример за тоа како соработката помеѓу меѓународните организации може да ја подигне свеста за постојните добри практики и промовирање на прекуграничната соработка.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.