Настанот Градиме мостови, поддржан од ОБСЕ, соедини ученици од различна етничка припадност во Скопје
СКОПЈЕ, 13 октомври 2018 – Ученици од 27 училишта од целата земја се собраа заедно на еден ден за да имаат меѓусебна интеракција, забава и разновидни изведби како дел од годишниот настан од Фондот Градиме мостови, денес организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Сите училиштата добија мали грантови од Фондот Градиме мостови за заеднички активности во училиштата кои имаат различни наставни јазици.
„Ние во ОБСЕ веруваме дека остварувањето конекции помеѓу учениците од различните заедници е многу важно и поради тоа, ние продолжуваме да го поддржуваме Фондот Градиме мостови заедно со Министерството за образование и наука и преку нашата ново остварена соработка со Министерството за труд и социјална политика,“ рече амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми додаде: „Проектот веќе четири години е успешна приказна и има за цел младите генерации да ги запознае со основните етички и вредности на толеранција и почит на различноста, разбирање на културните и верските обичаи на другите, како и традицијата на етничките заедници. Крајната цел е овие вредности да се инкорпорираат во секој млад човек. Тоа е едиствениот начин да се обезбеди единството на општеството, како еден од основните критериуми за градење стабилна, силна и просперитетна држава.„
Настанот Градиме мостови заедно е заеднички проект на Министерството за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на Холандија и владите на САД, Австрија и Италија. Ги поддржува заедничките активности во училиштата кои вклучуваат ученици од сите заедници и различни јазици, со цел да се зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина.