На Меѓународниот ден на Ромите, Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје повикува на подобрување на животните услови на Ромите
Скопје, 8 април 2015 - Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Ралф Брет и честиташе на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април. Мисијата на ОБСЕ и се приклучи на ромската заедница како и на релевантните невладини организации и државни институции во одбележувањето и одразувањето на нашата заедничка работа за унапредување на човековите права и општественото вклучување.
"Мисијата смета дека одржлива демократска иднина може да се постигне само со развој на општеството низ вклучување на сите заедници ", рече Брет. "Меѓународниот ден на Ромите ни служи нам кои што работиме во оваа област да не потсети на нашите мандати и на обврските на земјата во однос на Ромите".
Брет истакна дека Мисијата го охрабрува и го поддржува мулти-агенцискиот пристап, што има за цел да ги подобри условите за живот на ромската заедница и да им овозможи да ги остварат целосно своите права.
"8 април не треба да биде само ден во годината кога се прави осврт на предизвиците со кои се соочуваат Ромите, туку треба сите да не потсети дека престои уште многу работа што треба да се направи во многу области како што се меѓу другите граѓанското евидентирање на неевидентираните лица, вработувањето, образованието, домувањето и здравството," истакна тој.