Ресурси
Прирачник за набљудување и унапредување на учеството на жените на избори
Како дел од сеопфатната методологија за набљудување на изборите, второто издание на Прирачникот за набљудување и унапредување на учеството на жените на избори се надоврзува на првото издание објавено во 2004 година и дополнително ја разработува методологијата на ОДИХР за оценка и издавање препораки за учество на жените на избори.
Покрај тоа што дава насоки за активностите за набљудување на изборите (АНИ) на ОДИХР, прирачникот може да помогне во информирањето на земјите членки – нивните изборни органи, политичките партии, гласачите, кандидатите, медиумите и граѓанското општество – за заложбите на ОБСЕ и други меѓународни и регионални стандарди и добри практики за учеството на жените на избори. Тој се надоврзува на искуството стекнато во текот на речиси три децении на набљудување на изборите и ги зема предвид активностите на земјите членки и ОДИХР за унапредување на учеството на жените во политичкиот живот, вклучително и преку избори.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.