Ресурси
Извештај од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза
Извештајот од истражувањето за виктимизацијата поради криминал од омраза ги прикажува резултатите од втората анкета за виктимизација поради криминал од омраза спроведена во Северна Македонија, помеѓу јуни и јули, 2023 година (следствено на првата анкета спроведена во 2018 година).
Истражувањето прикажува сеопфатен преглед за распространетоста на криминалот од омраза, заснована на етничка припадност, религија, сексуална ориентација, попреченост и политичко уверување, според перцепциите на жртвите, како што и дава поглед во непријавувањето на криминалот од омраза. Истражувањето доаѓа после четири години од усвојувањето на измените на Кривичниот законик, со кои се воведе „омразата“ како квалификаторен облик на неколку кривични дела.
Извештајот има за цел да обезбеди докази кои ќе помогнат во формулирањето ефективни мерки кои одговараат и се борат против овој феномен, ги водат таргетираните политики и стратегии на националните и локалните власти, и даваат поддршка на граѓанските организации во нивното застапување.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.