Ресурси
Анализа на состојбата во образованието на јазиците на помалубројните заедници
Овој извештај ја содржи сегашната легислатива, процедури, координација и комуникација, и клучните пречки во однос на образованието на јазиците на помалубројните заедници, како и препораки за подобрување. Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја истражува комплексноста околу образованието на јазиците на помалубројните заедници – босански, ромски, српски, турски и влашки. Собирањето на податоци, деталната анализа и сеопфатните интервјуа, нудат увид во предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници, посебно во однос на пристапот до квалитетно образование. Петте мали извештаи се достапни на секој јазик - босански, ромски, српски, турски и влашки, и севкупниот документ на македонски, албански и англиски.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.