Ресурси
Анализа на законот за извршување на санкциите
![](https://www.osce.org/files/imagecache/20_medium/f/images/hires/2/0/548911.jpg?1689852728)
Извршувањето на санкциите е последното парче што го затвора целиот процес на пресудување во кривичната постапка. Недостигот на соодветно спроведување на санкциите преку јасна, разбирлива и правична постапка, нецелосната законска рамка, како и неконзистентната практика на судовите во четирите апелациони подрачја во Северна Македонија, придонесува за негативната перцепција на јавноста, особено во случаите од „висок профил“.
Мисијата, во соработка со Здружението на судии и Основниот кривичен суд Скопје, изработи Анализа на практичните проблеми на постапката за извршување на санкциите, адресирање на законодавните празнини и обезбедување конкретни законски решенија. Анализата вклучува различни судски практики од апелационите подрачја и препорачува практични пристапи за надминување на одредени предизвици.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.