Ресурси
Проценка за работењето на Академијата за судии и јавни обвинители од родова перспектива и од перспектива на различностите
Публикацијата се состои од внатрешни и надворешни проценки на активностите и структурата на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Внатрешната проценка е насочена кон оценување на процесите на донесување одлуки, органите на управување и структурата на вработените. Воедно, вклучена е и проценка на потребите за обука на органите на управување и на вработените во АСЈО, за подигање на нивните знаења за различностите и родовата еднаквост.
Анализата на надворешните активности проценува дали различностите и родовата еднаквост се вклучени во целокупната обука што се спроведува во АСЈП, вклучително и во подзаконските акти за почетно и континуирано образование и обука, како и во годишните наставни програми.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.