Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја промовираше основната студија Родот и различностите во правосудството
За да помогне во решавањето на прашањата за родовата нееднаквост во правосудниот систем, Мисијата на ОБСЕ во Скопје неодамна ја објави основната студија Родот и различностите во правосудството.
„Само транспарентно и инклузивно правосудство може да ја ужива довербата и поддршката од граѓаните, што ќе му овозможи целосно да ја извршува својата функција на заштита на правдата и на човековите права. Правосудниот систем треба да ги одрази потребите на заедницата на која и служи, вклучително и на жените, малцинствата и лицата со попреченост,“ рече заменик-шефот на Мисијата, Џефри Голдстејн на денешната промоција на студијата.
„Учеството и еднаквата застапеност на жените во правосудството го зголемува квалитетот на работата на судството, образложението на судските одлуки, заштитата на човековите права на жените и подобри резултатите на правосудниот сектор за сите.“
Во своето обраќање на настанот, претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Павлина Црвенковска, рече: „Судскиот совет се стреми да ја промовира родовата еднаквост при новите вработувања во судството, со посебен фокус на етничките заедници. Истовремено, мора да гарантираме и остварување на човековите права за сите граѓани, кои се дел од судските постапки со цел да се отстранат дискриминаторските практики.“
Мисијата долго време работи на полето на родовата еднаквост, недискримацијата и реформи во правосудството. Таа придонесува во поставувањето на законската и институционалната инфраструктура на Северна Македонија во оваа област и ѝ помага на владата да го подготви Законот за еднакви можности на жените и мажите.