Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави онлајн курс за дигитални техники за истражувачко новинарство
Со цел да го унапреди истражувачкото новинарство и да им помогне на медиумските професионалци да ги усовршат своите дигитални истражувачки вештини, преку потемелно истражување да можат да ги изнесат фактите на виделина, Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави курс за е-учење на 15 ноември 2022 година.
Овој курс за е-учење нуди комплет алатки за новинари кои истражуваат корупција или други високопрофилни случаи од јавен интерес. Курсот вклучува голем број корисни средства и техники кои ќе им помогнат на истражувачките новинари да најдат повеќе информации на различни онлајн платформи. Курсот ќе им помогне на новинарите да го испланираат истражувањето, да вршат успешно онлајн пребарување преку платформите и да прибираат информации, да спроведуваат успешни интервјуа и да ги комплетираат нивните наоди. Исто така, курсот вклучува повеќе совети од искусни новинари за тоа како да се истражува потемелно.
Иако овој курс за е-учење е првенствено дизајниран за истражувачки новинари, особено за оние кои истражуваат случаи на корупција, тој е применлив и за пошироката новинарска публика. Веруваме дека секој што сака подлабоко да навлезе во некоја тема може да има корист од алатките, советите и техниките презентирани во бесплатниот курс за е-учење. Ве покануваме да го погледнете курсот кој е достапен на англиски, македонски и албански јазик.