Ресурси
Извештај за ризиците од корупција во животната средина во Република Северна Македонија
Извештајот се фокусира на корупцијата поврзана со најзначајните еколошки проблеми во Северна Македонија, како што се нелегалната сеча, загадувањето на воздухот, концесиите за минерални суровини, концесиите за користење на водните ресурси итн. Нејзините наоди и заклучоци се предвидува да ги искористат националните тела за подигање на свеста кај релевантните чинители и повикување на акција за спречување и санкционирање на коруптивните дела во оваа област, придонесувајќи за намалување на директното негативно влијание на еколошката корупција врз безбедноста, здравјето, и квалитетот на животот на граѓаните.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.