Ресурси
Анализа на влијанијата од КОВИД-САРС-19 на родот и различностите
Анализата го истражува мултидимензионалниот пристап и сложеноста на мерките воведени за време на пандемијата врз родот и различностите во Северна Македонија. Првото поглавје дава преглед на родовата анализа на мерките донесени од Владата од перспектива на човековите права, додека втората глава се фокусира на учеството на жените и мажите на пазарот на трудот, насилството врз жените, учеството на жените и мажите при донесување одлуки во одговорот на предизвиците од КОВИД-19, итн. Третото поглавје го претставува и анализира родовиот јаз создаден со одговорот кон КОВИД-19, додека последното поглавје вклучува предлози за мерки што треба да се преземат во периодот по КОВИД-19. Анализата е развиена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и НВО Радар, Полио Плус, Рурална коалиција и Националната мрежа против насилството врз жените и семејно насилство.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.