Ресурси
Трет преоден и последен проектен извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше основано од страна на Собранието на Република Северна Македонија во септември 2015, согласно со договорот за надминување на политичката криза којашто произлезе од скандалот со прислушувањето во 2015.
Конечниот извештај на Мисијата на ОБСЕ во Скопје следи по првиот и вториот преоден извештај објавени во август 2018 година и јуни 2019 година и го опфаќа периодот помеѓу декември 2018 и јануари 2020 година. Извештајот е тематски фокусиран на наодите од мониторинг на судските процеси од перспектива на почитување меѓународните стандарди за фер судење. Од таа причина, тој ги констатира случувањата околу СЈО како институција во периодот на известување, но специфично не ги образложува или коментира.Извештајот вклучува препораки до судските актери, законодавната и извршната власт. Овие препораки имаат за цел решавање на прашањата утврдени во извештајот со цел да се подобри ефикасноста и правичноста на судските постапки.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.