Ресурси
Втор преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беше основано од страна на Собранието на Република Северна Македонија во септември 2015, согласно со договорот поддржан од ЕУ за надминување на политичката криза која што произлезе од скандалот со прислушувањето во 2015.
Овој извештај е продолжение на првиот преоден извештај објавен во август 2018, којшто го покрива основањето на Специјалното јавно обвинителство и развојот на случаите од надлежност на СЈО до потврдувањето на обвиненијата.
Вториот извештај произлегува од следењето на судските постапки од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и покрива дваесет случаи за кои СЈО поднесе обвиненија во рамки на статутарниот рок до 30 јуни 2017.
Ставовите, мислењата, заклучоците и останатите информации изразени во овој документ, не мора да го изразуваат ставот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), освен доколку не е експлицитно наведено дека ОБСЕ е автор на документот.