Борба против корупцијата, судење по судење
Денеска, 9 декември, го одбележуваме Меѓународниот ден за борба против корупцијата, означувајќи 16 години од стапувањето на сила на Конвенцијата на ОН против корупција (UNCAC).
Ние во ОБСЕ го одбележуваме овој ден со продолжување во помагањето на своите 57 земји-учеснички во нивната борба против неказнивоста со цел да се елиминира корупцијата.
UNCAC и релевантните заложби на ОБСЕ се од витално значење, бидејќи тие значат дека гонењето на корупцијата повеќе не е прашање на избор. Националните судства играат клучна улога во преточувањето на целта на тие меѓународни инструменти во значајни активности, имено, ефикасни и ефективни истраги и судења, од случај до случај, секој ден.
Што мислат луѓето?
Иако гледаме високо ниво на посветеност и опиплив напредок во борбата против корупцијата низ регионот на Западен Балкан, високата корупција сè уште наоѓа начини да се прошири. Дел од проблемот е што судството честопати не е во состојба да ги повика сторителите на одговорност.
Според Глобалниот барометар за корупција ЕУ 2021 на Транспаренси Интернешнл, истражување на над 40.000 Европејци, речиси една третина од испитаниците веруваат дека состојбата со корупцијата се влошува, а 44 отсто мислат дека не се подобрува.
Можноста на корупцијата да го наруши владеењето на правото и да ја поткопа довербата на јавноста во владата и јавните институции е особено видлива на Западен Балкан. Во својата Стратегија за Западен Балкан за 2018 година, Европската комисија призна дека партнерите во регионот „покажуваат јасни елементи на заробена држава, вклучително и врски со организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа на власта“. Истражувањето на Балканскиот барометар од 2021 година, исто така, покажа дека 61% од испитаниците немаат доверба во парламентите и судовите, додека повеќе од половина од анкетираните ги оценуваат перформансите на нивните судства како лоши или многу лоши.
Комплексноста на гонењето корупција
Властите се мачат со бората против корупцијата, а пандемијата КОВИД-19 само придонесе за влошување на ситуацијата: додека судовите беа спречени дури и да одржуваат рочишта, пандемијата не ги спречи корумпираните актери да продолжат да пронаоѓаат нови модалитети за извршување на кривични дела.
Видовме зголемување на случаите на корупција во здравствените системи и во однос на јавните набавки. Во меѓувреме, судството и другите институционални механизми за надзор се борат да бидат во чекор со темпото и креативноста на корупцијата.
Дури и кога пандемијата создава нов простор за корупција, врските меѓу корупцијата и организираниот криминал се неконтролирани, како што беше потврдено од Проценката за закани од сериозен и организиран криминал на ЕУ (SOCTA) 2021 година. Извештајот открива дека „корупцијата е карактеристика на повеќето, ако не и на сите, криминални активности во ЕУ ... Корупцијата е клучна закана што треба да се реши во борбата против сериозниот и организиран криминал“.
Преку нашиот системски мониторинг на судските процеси, гледаме дека оваа реалност секојсдневно се одвива во судниците низ Западен Балкан. Правосудствата во овој регион се соочуват со сложениот предизвик за ефективно гонење на случаи во кои се вклучени високи функционери и оние кои со мрежи во јавниот и приватниот сектор, заеднички работат за приватна корист.
Многу од овие случаи директно влијаат на суштинските аспекти на функционалната демократија. Политизираната политичка клима создава и ризици дека судството ќе биде искористено како оружје за справување со политичките противници.
Судството – последното упориште
ОБСЕ наназад ги препознава овие предизвици и работи со локалните власти да го користат мониторингот на судските процеси за информирани активности кон зајакнување на интегритетот и ефективноста на судските системи.
Ангажирањето независни наљудувачи за следење на судските процеси го зајакнува владеењето на правото со расветлување на постапките и резултатите кои инаку може да останат незабележани, невидени и непроверени.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) го презеде водството во развојот на методологии за следење на судењата и алатки, како што е нејзиниот Мониторинг на судење: Референтен прирачник за практичарите. Претходното овозможува следење на судењата кој е конзистентен и не влијае врз процесите, во согласност со меѓународните стандарди за правично судење. Овие алатки се потребни сега, повеќе од кога било. Затоа што независното, добро функционирачко судство е последното упориште против ендемската корупција.
Како дел од тие напори, ОБСЕ со поддршка на Европската Комисија започна специјализиран регионален проект за следење на сидските процеси за висока корупција и организиран криминал во пет јурисдикции во Западен Балкан. Ова е дел од заедничките напори за промовирање поефективен судски одговор кон овој криминал со цел да се зајакне владеењето на правото и да се создадат регионални синергии каде што е соодветно.
Конечно, силните и независни судства го поплочуваат патот за долгорочен просперитет и стабилност во регионот. ОБСЕ и ЕУ соработуваат со властите во Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана за да го поддржат обезбедувањето правда и заштитата на владеењето на правото, случај по случај.
Дознајте повеќе за Регионалниот проект за мониторинг на суски процеси: Борба против организираниот криминал и корупцијата во Западен Балкан овде.
Меган Смит Хрле, Mисија на ОБСЕ во Босна и Херцеговина